Гебрејесус: Вакцината против Ковид-19 можеби ќе биде готова до крајот на годината

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус соопшти дека вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19) можеби ќе биде готова до крајот на годината

1504184
Гебрејесус: Вакцината против Ковид-19 можеби ќе биде готова до крајот на годината

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус говореше на специјалната седница за борба против Ковид-19 на Извршниот одбор на Организацијата, којашто заврши вчера во швајцарскиот град Женева.

Гебрејесус соопшти дека вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19) можеби ќе биде готова до крајот на годината.

Тој рече: „Имаме потреба од вакцина (за Ковид-19) и се надеваме дека постои можност да ја добиеме до крајот на годината.“

Велејќи дека е оптимист по ова прашање, Гебрејесус не даде детални информации во однос на тоа кога ќе биде започната една широко распространета кампања за вакцинирање во светски рамки.

Исто како и во секој свој говор Гебрејесус повторно упати повик за „глобална солидарност“ при што ги повика светските лидери за одлучност по прашањето на обезбедување на еднаква распределба (подеднакво раздавање) на земјите на вакцините против Ковид-19 коишто ќе бидат произведени.  

Инаку, со посредство на Програмата за Глобален пристап до вакцини за Ковид-19 „КОВАКС“ (COVAX) којашто се води во координација со Светската здравствена организација (СЗО), се има за цел до крајот на 2021 година да се дистрибуираат 2 милијарди дози вакцина против коронавирусот.
 



Слични вести