Нобеловата награда за медицина за 2020 година ја добија тројца научници
Нобеловата награда за медицина за 2020 година ја добија тројца научници, Харви Алтер, Чарлс Рајс и Мајкл Хјутон, а поради нивните придонеси во откривањето на вурисот хепатитис „Ц“
1503103

Нобеловата награда за медицина за 2020 година им е доделена на тројца научници и тоа американските научници Харви Алтер и Чарлс Рајс и британскиот научник Мајкл Хјутон, а поради нивните придонеси во откривањето на вирусот хепатитис „Ц“.
Нобеловиот комитет имињата на добитниците на оваа значајна и престижна награда во сферата на медицината ги соопшти во Стокхолм.
Тројцата научници добитници на годинашната награда за медицина Харви Алтер, Чарлс Рајс и Мајкл Хјутон се наградени со оваа награда поради нивните работи во однос на откривањето на вирусот хепатитис „Ц“.