Домашната вакцина против Ковид-19 во Турција стигна во фаза на тестирање врз луѓе

Министерот за здравство Фахреттин Коџа информира дека во работите за развивање на домашна вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција се премина во фаза на тестирање врз луѓе

1502543
Домашната вакцина против Ковид-19 во Турција стигна во фаза на тестирање врз луѓе

Во работите за развивање на домашна вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција се премина во фаза на тестирање врз луѓе.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа, во постројките на Кочак Фарма во Капакли кај градот Текирдаг реализира испитувања во лабораторијата кадешто се водат работите за развивање на домашна вакцина во рамките на борбата против Ковид-19.

Овде, министерот Коџа беше информиран од страна на надлежните во врска со работите коишто се реализираат, а потоа го побара телефонски преку видео претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кого го информираше за точката до која е дојдено во работите за развивање на домашна вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19).  

Министерот за здравство Фахреттин Коџа му ја даде на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган радосната вест дека успешно се завршени работите за тестирање врз животни на 3 од 13 домашни вакцини коишто се водат во врска со Ковид-19, и дека се премина во фаза на нивно тестирање врз луѓе.

Претседателот Ердоган пак, во телефонскиот видео разговор го рече следното: „Честитки, особено би сакал да ја доставам мојата благодарност до сите мои другари во мое лично име и во име на мојот народ. Посакувам во најскоро време да се стават во примена и заедно со ова производство да го започнеме процесот на вакцинирање и на луѓето. Отсега веруваме дека во сериозна смисла ќе го намалиме и бројот на нашите пациенти и дека со овие вакцини за коишто веруваме дека ќе станат извор на лечење, ќе ја загарантираме и нашата иднина.“



Слични вести