Ветена помош од уште приближно 1 милијарда долари за глобалната вакцина против Ковид-19

На одржаната конференција за поддршка на програмата на Светската здравствена организација (СЗО) за глобална вакцина против Ковид-19 и лекување, е ветена помош од уште приближно 1 милијарда долари

1500634
Ветена помош од уште приближно 1 милијарда долари за глобалната вакцина против Ковид-19

Ветена помош од уште приближно  1 милијарда долари за програмата на Светската здравствена организација (СЗО) за глобална вакцина и лекување против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

На одржаната конференција за поддршка на програмата за глобална вакцина и лекување, владите, меѓународните организации и приватниот сектор ветија помош од приближно 1 милијарда долари.

ACT Accelerator, за подеднаков пристап до вакцината против Ковид-19 и методите на лекување до крајот на 2021 година има за цел да обезбеди 2 милијарди дози вакцина, 245 лекувања и 500 милиони тестирања, а за сето тоа се неопходни 35 милијарди долари. Досега од оваа сума пари можеа да се соберат 3 милијарди долари.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес исто така за да би можела глобалната програма за вакцина да ги продолжи своите активности упати повик за собирање на итна помош во износ од 15 милијарди долари.



Слични вести