Поморската крстосувачка ракета „Атмаџа“ успешно ги помина најтешките услови на тестирање

„Атмаџа“, првата поморска крстосувачка ракета на Турција, која е развиена со домашни можности успешно го помина и своето претпоследно тестирање

1499685
Поморската крстосувачка ракета „Атмаџа“ успешно ги помина најтешките услови на тестирање

Првата поморска крстосувачка ракета на Турција развиена со домашни можности „Атмаџа“, успешно го помина и своето претпоследно тестирање.

Раководителот за одбранбена индустрија на претседателството Исмаил Демир, со претседателот на Управниот одбор на РОКЕТСАН Фарук Јигит и генералниот директор на РОКЕТСАН Мурат Икинџи, одржа прес-конференција во Анкара, а во врска со развојот во одбранбената индустрија и активностите коишто ги води компанијата. 

Исмаил Демир, велејќи „имаме една нова радосна вест“ ги сподели новите случувања во врска со ракетата „Атмаџа“ и го рече следното: „Вчера беше реализирано уште едно од последните тестирања на Атмаџа. Тестирањето помина мошне успешно. Ова беше претпоследното тестирање на Атмаџа, остана уште едно. Значи дека сме дојдени до крајот. Очекуваме од една страна да започнат со производствените работи. Атмаџа ќе и придаде уште поголема сила на нашата сила во морињата каде што во последно време се наоѓаат на дневен ред прашања како што се Сината татковина и Источниот Медитеран.“

Исмаил Демир рече дека како последно ќе се реализира тестирање со муниција и боева глава. 

Тој воедно нагласи дека „Атмаџа“ е подобра од овој вид крстосувачки поморски ракети во светот и напомена дека на турските безбедносни сили ќе им се придаде со нејзините компоненти една целосна независна ракета од надвор. 

Првата поморска крстосувачка ракета на Турција развиена со домашни можности поради тоа што се движи многу блиску до површината на морето не може да се идентификува од страна на радари. 

 



Слични вести