Комуникацискиот сателит на Турција „Турксат 5А“ ќе биде лансиран на 30 ноември

Во флотата на активни сателити на Турција во вселената во моментов има 3 комуникациски и 3 набљудувачки сателити, додека на 30 ноември ќе биде лансиран и комуникацискиот сателит „Турксат 5А“, од петтата генерација комуникациски сателити

1496737
Комуникацискиот сателит на Турција „Турксат 5А“ ќе биде лансиран на 30 ноември

Петтата генерација комуникациски сателит на Турција, како една од 30-те земји кои располагаат со свој сателит, Турксат 5А (Türksat 5A) ќе биде лансиран во вселената на 30 ноември.

Во флотата на активни сателити на Турција во моментов има 3 комуникациски и 3 набљудувачи сателити.

Од активните сателити Турксат 3А, 4А и 4Б (Türksat 3A, 4A и 4B) се обезбедуваат потребите од комуникација. Сателитите Ѓоктурк-1, Ѓоктурк-2 и Расат (Göktürk-1, Göktürk-2 и Rasat) пак, се врши набљудување.

Дизајнот и производствените активности на сателитите Турксат 5А и 5Б (Türksat 5A и 5B) се реализирани во постројките на компанијата „Airbus D&S“ во Франција и Англија.

Сателитот Турксат 5А (Türksat 5A) ќе биде преземен на 2 октомври и ќе биде лансиран во вселената на 30 ноември. 

Сателитот Турксат 5Б (Türksat 5B) пак, се има за цел да биде лансиран во вселената во 2021 година. 

Со лансирањето на овие нови сателити ќе се располага со голем капацитет не само во сферата на радиодифузијата (емитувањето), туку и во способноста на обезбедување на широкопојасен интернет од сателит.

Турција, со својата флота којашто ќе се формира со лансирањето на новите сателити ќе врши услуга во еден широк регион во Азија, вклучувајќи ги и Турските Републики се до Кина, а ќе ги опфати и Африка и Европа.



Слични вести