Турскиот комуникациски сателит „Турксат 5А“ ќе биде лансиран во вселената на 30 ноември

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу во дадената изјава за Турската радио и телевизија (ТРТ) информира дека комуникацискиот сателит „Турксат 5А“ (Türksat 5A) ќе биде лансиран во вселената на 30 ноември

1491648
Турскиот комуникациски сателит „Турксат 5А“ ќе биде лансиран во вселената на 30 ноември

Комуникацискиот сателит на Турција „Турксат 5А“ (Türksat 5A) ќе биде лансиран во вселената на 30 ноември.

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу во врска со ова прашање даде изјави за Турската радио и телевизија (ТРТ).

Министерот Караисмаилоглу информира дека комуникацискиот сателит „Турксат 5А“ (Türksat 5A) ќе биде лансиран во вселената на 30 ноември.

Со ставањето во примена на Турксат 5А, Турција покрај сферата на комуникацијата, т.е. радиодифузното емитување ќе располага со површина односно опсег на покривање на Блискиот исток, Европа, Северна Африка и Јужна Африка.

„Турксат 5А“ (Türksat 5A) чие производство продолжува од страна на компанијата „Airbus D&S“ и кој ќе ги промени рамнотежите во небото, ќе биде лансиран во вселената од страна на американската компанија за вселенски транспорт „Спејс икс“ (SpaceX).

Сателитот „Турксат 5А“ ќе стане четвртиот комуникациски сателит во активната сателитска флота на Турција во вселената.



Слични вести