„АстраЗенека“ ги прекина тестирањата на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „АстраЗенека“ (AstraZeneca) соопшти дека поради влошувањето на здравствената состојба на едниот од испитаниците врз кои се вршат тестирањата на вакцината против Ковид-19 се прекинуваат тестирањата

1487505
„АстраЗенека“ ги прекина тестирањата на вакцината против Ковид-19

Тестирањата на вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19) развиена од страна на фармацевтската компанија „АстраЗенека“ (AstraZeneca), сеопрекинати поради влошувањето на здравствената состојбата на еден од испитаниците.

Во објавеното соопштение од „АстраЗенека“ се истакнува дека се прекинати тестирањата поради тоа што кај еден од испитаниците се појавила  „необјаснива болест“.

Во веста објавена на сајтот за здравство „STAT“ се вели дека тестирањата на вакцината се вршат во поголем број земји и дека случајот на влошување на состојбата на едниот од испитаниците бил во Велика Британија.

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебреисус, претходно соопшти дека соопшти дека постојат голем број кандидати за потенцијална вакцина кои влрваат надеж и дека меѓу нив ќе се користатт само оние за кои ќе се утврди дека се „ефикасни“ и „безбедни“.



Слични вести