Посреќни се оние кои сметаат дека среќата може да се контролира

„Мислите ли дека можете да бидете среќни?“, „Колку бевте среќни минатата година?“

1485423
Посреќни се оние кои сметаат дека среќата може да се контролира

Според истражувањето, повеќето луѓе кои велат дека се среќни веруваат дека среќата е во нивни раце.

Во истражувањето на организацијата „Tracking Happiness“ (Следење на среќата), 89 проценти од 1.154 испитаници рекле дека среќата може да се управува.

На испитаниците од 15 до над 60 годишна возраст им беа поставени следните прашања: „Мислите ли дека можете да бидете среќни?“, „Колку бевте среќни минатата година, одгворете со од 1 до 10 поени?“.

Од резултатите излезе дека оние кои мислат дека среќата зависи од нас, имаат повисоко ниво на среќа.

Просечниот рејтинг на среќа на оние кои рекоа дека среќата е надвор од наша контрола е 5,61, додека рејтингот на оние што рекоа поинаку беше 7,38.

Според студијата во списанието „Форбс“, беше забележано дека нашите ставови за среќата се поврзани со возраста.

Според истражувањето, иако сè повеќе веруваме дека не контролираме сè до средната возраст, кога ќе ја преминеме оваа граница и старост почнуваме да мислиме спротивно.

Иако испитаниците од 30 до 60 години мислат дека среќата не зависи од луѓето, постарите луѓе мислат дека е во наши раце.



Слични вести