Новото беспилотно летало (ИХА) на Турција „Аксунгур“ успешно леташе 49 часа

Според споделената објава на профилот на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) на социјалната мрежа Твитер, беспилотното летало (ИХА) „Аксунгур“ кое го оствари своето 59-то тест летање досега реализира вкупно 230 часови летање

1483904
Новото беспилотно летало (ИХА) на Турција „Аксунгур“ успешно леташе 49 часа

Новото беспилотно летало (ИХА) на Турција „Аксунгур“ успешно реализира 49 часовно летање.

Според споделената објава на профилот на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) на социјалната мрежа Твитер, беспилотното летало (ИХА) „Аксунгур“ кое го оствари своето 59-то тест летање досега реализира вкупно 230 часови летање.

„Аксунгур“ во својот последен остварен лет постигна успех, со што остана во воздух цели 49 часа.

Овој развој беше споделен со зборовите „Аксунгур којшто остана во воздух 49 часа и го реализира своето 59-то тест летање, на височина од 20 илјади фита го зацрта нашето знаме со ѕвезда и полумесечина на небото. Сѐ за татковината!“ 

Инаку, новото турско беспилотно летало (ИХА) на Турција „Аксунгур“ со два мотори коешто располага со капацитет за носење на висок капацитет на товар на средна надморска височина, се има за цел да извршува долговременски задачи на височина од 40 илјади фита. 

Беспилотното летало „Аксунгур“ е произведено над платформата на беспилотното летало „АНКА“ и затоа е развиено за кусо време и со поволна цена.



Слични вести