Офанзивното беспилотно летало Бајрактар Акинџи ТИХА успешно го помина тестот ПТ-1

Офанзивното беспилотно летало Бајрактар Акинџи ТИХА ПТ-1 го оствари тестот Систем за идентификација од голема височина ПТ-1

1477350
Офанзивното беспилотно летало Бајрактар Акинџи ТИХА успешно го помина тестот ПТ-1

Првиот прототип на Офанзивното беспилотно летало Бајрактар Акинџи ТИХА кое се усовршува од страна на компанијата Бајкар со домашни можности под лидерство на Управата за одбранбена индустрија, успешно го помина тестот на системот за идентификација од голема височина ПТ-1 што беше реализиран во Центарот за летање и обука Бајрактар АКИНЏИ кој се наоѓа во рамките на Воздушната команда Чорлу во Текирдаг.

Офанзивното беспилотно летало Бајрактар Акинџи ТИХА ПТ-1 по ноќните подготовки, во 06.16. часот по турско време полета со цел да го оствари тестот Систем за идентификација од голема височина ПТ-1.

Летот на офанзивното беспилотно летало беше остварен под раководство на техничкиот директор на компанијата Бајкар, Селчук Бајрактар на височина од над 30 илјади стапки (фит односно приближно околу 9,15 км) и траеше 3 часа и 22 минути.

Офанзивното беспилотно летало по тестовите на небото, во 09.38 часот по турско време успешно слета на аеродромот.

Тестовите кои продолжија со два прототипи, офанзивното беспилотно летало Бајрактар АКИНЏИ успешно го оствари петтиот лет.



Слични вести