Вториот прототип на „Бајрактар АКИНЏИ ТИХА“ успешно го заврши својот втор тест

Вториот прототип на „Бајрактар АКИНЏИ ТИХА“ во реализираниот втор тест за летање на просечна надморска височина од 20 илјади фита (приближно 6,1 километри) остана во воздух во текот на 2 часа и 26 минути

1476296
Вториот прототип на „Бајрактар АКИНЏИ ТИХА“ успешно го заврши својот втор тест
Bayraktar Akıncı.2.jpg
bayraktar Akıncı.1.jpg
thumbs_b_c_67f86e038c983be9698849b5f9c235a0.jpg

Вториот прототип на офанзивното беспилотно летало „Бајрактар АКИНЏИ ТИХА“ кое со домашни и национални можности е развиено од страна на компанијата „БАЈКАР“ , успешно го заврши и вториот тест за летање којшто беше остварен во Центарот за летање и обука Бајрактар АКИНЏИ во Командата на аеродромот во Чорлу.

Според објавеното соопштение од компанијата „БАЈКАР“, вториот прототип на „Бајрактар АКИНЏИ ТИХА“ во реализираниот тест за летање под водство на техничкиот директор на „БАЈКАР“ Селчук Бајрактар на просечна надморска височина од 20 илјади фита (приближно 6,1 километри) остана во воздух во текот на 2 часа и 26 минути.

На тој начин вториот прототип на „Бајрактар АКИНЏИ ТИХА“ кој по извршените тестирања во небото се спушти на пистата, успешно го реализира и својот втор, а досега својот четврти тест за летање.

Офанзивното беспилотно летало „Бајрактар АКИНЏИ ТИХА“ својот прв тест лет со првиот прототип го реализира на 6 декември 2019 година.

„Бајрактар АКИНЏИ ТИХА“ кое во рамките на овој прв тест леташе 16 минути, потоа на 10 јануари 2020 година за време на остварениот тест за верификација (потвредување) на системот реализира лет во времетраење од 1 час и 6 минути.

Во меѓувреме во Центарот за истражување и развој и производство на националното наоружано беспилотно летало (СИХА) БАЈКАР продолжува и процесот за интеграција на третиот прототип на проектот „Бајрактар АКИНЏИ ТИХА“ чија прва испорака се има за цел да се реализира до крајот на оваа година.

Откако ќе биде завршена интеграцијата и третиот прототип ќе биде испратен во Командата на аеродромот во Чорлу кадешто ќе ги реализира своите тест летови.

 



Слични вести