Компанијата за видео игри „Zynga“ ја купи турската фирма за игри „Rollic“ за 168 милиони долари

Светски познатата американска компанија креатор на видео игри „Zynga“ (Nasdaq: ZNGA) соопшти дека ја купи за 168 милиони долари турската фирма за игри „Rollic“

1468412
Компанијата за видео игри „Zynga“ ја купи турската фирма за игри „Rollic“ за 168 милиони долари

Светски познатата американска компанија креатор на видео игри „Zynga“ (Nasdaq: ZNGA) ја купи за 168 милиони долари турската фирма за игри „Rollic“.

По турската компанија за мобилни игри „Peak Games“ која ја купи за рекордни 1,8 милијарди долари, „Zynga“ (Зинга), соопшти дека за 168 милиони долари купи и една друга турска фирма за игри „Rollic“ која развива hyper-casual (хипер-секојдневни) игри.

Според веста којашто беше соопштена од овицијалниот профил на „Zynga“, е постигнат договор со турската фирма за игри „Rollic“ со седиште во Истанбул која инаку е едната од најбрзорастечките фирми во сферата на hyper-casual (хипер-секојдневни) игрите.

Во соопштението се нагласува дека игрите на „Rollic“ се преземени (инсталирани) повеќе од 250 милиони пати и дека „Rollic“ ќе придонесе за профилот на корисници и во сферата на рекламата на компанијата.

Според соопштението, најпрвин „Zynga“ (Nasdaq: ZNGA) најпрвин ќе купи 80 отсто од турската фирма за видео игри„Rollic“ за што ќе плати 168 милиони долари.

Останатиот дел од 20 отсто од „Rollic“ пак, во текот на наредните 3 години постепено ќе бидат пренесени во склопот на „Zynga“.

Светски познатата американска компанија креатор на видео игри „Zynga“ (Nasdaq: ZNGA) во изминатите месеци соопшти дека ја купи турската компанија за мобилни игри „Peak Games“ и тоа за рекордни 1,8 милијарди долари со што фрли потпис на еден голем договор.

 



Слични вести