Во Турција постигнат голем напредок во работите за пронаоѓање на вакцина и лек против Ковид-19

Претседателот на Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК) Хасан Мандал истакна дека е дојдено во фаза на тестирање врз луѓе на вакцината против новиот тип коронавирусот (Ковид-19) развиена со национални можности

1466986
Во Турција постигнат голем напредок во работите за пронаоѓање на вакцина и лек против Ковид-19

Претседателот на Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК) Хасан Мандал во градот Мугла одговараше на прашањата на новинарите во врска со вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Мандал истакна дека е дојдено во фаза на тестирање врз луѓе на вакцината против новиот тип коронавирусот (Ковид-19) развиена со национални можности.

Хасан Мандал напомена дека исто како и во светот така и во Турција се водат трудови за пронаоѓање на лек и вакцина против пандемијата на Ковид-19.

„Дојдени сме во значајна фаза во пронаоѓање на вакцина на ниво да му конкурира на светот. Сега ќе се премине на тестирања врз луѓе. Иншаллах (со Аллахова помош) во најскоро време ќе пристигнеме до тој процес. Откако работите ќе завршат ќе бидат споделени со јавноста.“ - рече Мандал.

Претседателот на Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК) Хасан Мандал додаде дека вакцината којашто ќе се произведува во Турција нема да им биде ставена во услуга само на своите граѓани, туку ќе биде во услуга на целото човештво.

 



Слични вести