Турскиот научник Озџан Ерел на врвот на светскиот список на медицината

Најголемо влијание во постигнувањето на овој успех секако дека има непрекинатата работа.

1465919
Турскиот научник Озџан Ерел на врвот на светскиот список на медицината

Турскиот научник проф. д-р Озџан Ерел кој го усоврши домашниот и национален комплет за мерење на хемискиот стрес на телото, се најде на врвот на светскиот список на највлијателни научници во сферата на медицината кој се подготвува под координација на американскиот универзитет Станфорд.

Озџан Ерел кој е професор на оддлот за биохемија при медицинскиот факултет на Универзитетот Јилдирим Бејазит во Анакара и е одговорен за централната лабораторија на Градската болница на Анкара, рече дека неговата меѓународна статија беше објавена во списанието „ПЛОС Биолоџи“ кое се смета за едно од најзначајните во светот бидејќи во последните 60 години се објавуваат статии само на научниците кои имаат над 5 статии и се разгледуваат од страна на над 7 милиони автори, а се објавуваат сатиите само на 1,5 отсто од нив.

Проф. Ерел рече дека во рамките на годинашново списание се најдоа голем број турски научници.

На годинашниов список на највилајателни 100 илјади научници годинава се најдоа 196 турски научници. 30 од нив се научници кои се бават со истражувања во сферата на медицината. Моето име се најде меѓу врвните научници.

Најголемо влијание во постигнувањето на овој успех секако дека има непрекинатата работа.

Досега објавив голем број статии во 436 меѓународни научни полиња. Додека некои од нив се објавуваа во најдорбите списанија, некои пак се претворија во конкретни производи кои беа употребени од страна на истражувачите, индустриски беа имплементирани и беше остварено индустриско прозиводство. Беа произведени од домашно производство и се извезуваат во 25 земји во светот. Некои од нив се именуваат како прв и единствен оксидативен стрес кој претставува копмлет за мерење на хемискиот стрес во телото на човекот. Сличен производ нема во светот, Овој производ го осставривме со домашни и национални средства, Го усовршивме, го објавивме и го претворивме во конкретен производ,“ рече професор Ерел.



Слични вести