Дали Ковид-19 ќе се пренесе по вторпат?

Ова е активно поле на истражување и единствено што можам да кажам е тоа дека активно продолжува заедничкото истражување во целиот свет

1457477
Дали Ковид-19 ќе се пренесе по вторпат?

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сеуште нема одговор на прашањето „Дали Ковид-19 ќе се пренесе по вторпат на пациентите кои ја пребордија болеста?“

Од сеиштето на СЗО во Женева бееше одржана видеоконференција за печатот.

СЗО одговори на прашањето во врска со тоа „Дали пациентите чија хоспитализација од Ковид-19 заврши, повторно ќе бидат инфицирани?“, лидерот на екипата за борба против Ковид-19 Марија Ван Керков даде примери од борбата против САРС коронавирусот и грипт.

Керков рече дека кај пациентите кои го пребродеа САРС коронавирусот се развија антитела и дека истите пациенти се стекнаа со поголем имунитет за најмалку 12 и повеќе месеци.

Додека кај нормалниот грип периодот на имунитет е многу пократок, кај Ковид-19 (во врска со тоа дали едно лице повторно ќе се инфицира) Керков одговори дека сеуште немаме прецизен одговор.

Ова е активно поле на истражување и единствено што можам да кажам е тоа дека активно продолжува заедничкото истражување во целиот свет, рече Керков.



Слични вести