Првиот домашен и национален сателит ТУРКСАТ 6А ќе биде лансиран во вселената во 2022 година

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу информира дека првиот домашен и национален сателит ТУРКСАТ 6А (TÜRKSAT 6A) ќе биде лансиран во вселената во 2022 година

1455843
Првиот домашен и национален сателит ТУРКСАТ 6А ќе биде лансиран во вселената во 2022 година

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу во говорот што го одржа на Програмата за сеќавање на шехидите од 15 јули во кампусот на ТУРКСАТ (TÜRKSAT) во Ѓолбаши во Анкара, истакна дека ТУРКСАТ водејќи ги успешно непрекинато своите работи стана значаен актер на меѓународен план во сателитското емитување. 

Караисмаилоглу информира дека првиот домашен и национален сателит ТУРКСАТ 6А (TÜRKSAT 6A) ќе биде лансиран во вселената во 2022 година.

Адил Караисмаилоглу појасни дека се планира комуникацискиот сателит ТУРКСАТ 5А (TÜRKSAT 5A) да биде лансиран во вселената во последниот квартал на оваа 2020 година, а ТУРКСАТ 5Б (TÜRKSAT 5B)во вториот квартал на 2021 година.

Привлекувајќи внимание дека исто така и првиот домашен и национален сателит ТУРКСАТ 6А (TÜRKSAT 6A) ќе биде лансиран во вселената во 2022 година, министерот за транспорт и комуникација Адил Караисмаилоглу рече: „Со производството на ТУРКСАТ 6А Турција ќе влезе меѓу 10-те земји во светот кои можат да произведуваат комуникациски сателит.“

Министерот Караисмаилоглу нагласи дека сателитите за коишто станува збор освен тоа што се џиновски инвестирања ги фрлаат во вода и желбите на сите предавници кои имаат за цел да ја поделат Турција.



Слични вести