Првата поморска крстосувачка ракета на Турција „Атмаџа“ ја погоди успешно својата цел

Претседателот за одбранбена индустрија во претседателскиот кабинет Исмаил Демир на својот профил на Твитер напиша дека истреланата прва поморска крстосувачка ракета на Турција „Атмаџа“ успешно ја погоди својата цел на оддалеченост од 200 километри

1448890
Првата поморска крстосувачка ракета на Турција „Атмаџа“ ја погоди успешно својата цел

Првата поморска крстосувачка ракета на Турција „Атмаџа“ успешно ја погоди својата цел, со полн погодок.

Претседателот за одбранбена индустрија во претседателскиот кабинет Исмаил Демир во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека истреланата прва поморска крстосувачка ракета на Турција „Атмаџа“ успешно ја погоди својата цел на оддалеченост од 200 километри.

„Нашата Атмаџа (име на птицата јастреб на турски) овој пат леташе долго. Нашата крстосувачка ракета Атмаџа која на извонреден начин ги исполнува своите функции се подготвува да влезе во инвентарот.“



Слични вести