Кина во вселената испрати нов сателит со далечински сензори со висока резолуција

Сателитот ќе се употребува во снимањето на природните извори, потребите на управата за итни случаи и кризи, земјоделство, екологија, шумарство и пасишта

1448555
Кина во вселената испрати нов сателит со далечински сензори со висока резолуција

Кина во вселената испрати нов сателит со далечински сензори со висока резолуција.

Сателитот кој со ракетата Лонг Марч (Долг марш) беше лансиран од центарот за лансирање Таијуен во северната кинеска провинција Шанси, влезе во претходно определената орбита.

Во врска со техничките карактеристики на сателитот со далечински сензори на Кина не беа објавени подетални информации. Единствено што беше истакнато беше дека снимките од Кина и поблиската географија ќе ги добива со поголема резолуција.

Сателитот ќе се употребува во снимањето на природните извори, потребите на управата за итни случаи и кризи, земјоделство, екологија, шумарство и пасишта.

Ова беше 337 мисија на лансирање со ракетите Лонг марч.

Кина е земја која во последно време по САД и Русија постигна значаен напредок на натпреварот во вселената. Со сателитите со далечински сензори, глобалното позиционирање и сателитите за набљудување, изградбата на постојана вселенска станица во орбитата, истражувачките и извиднички активности на Месечината, Марс и Јупитер, Кина до 2045 година планира да биде земја лидер во вселената.



Слични вести