Првиот национален електричен воз до крајот на годината ќе биде пуштен во употреба

Целта ни е Турција да ја претвориме во земја која ќе стане значаен центар на производството на железничките возила

1445488
Првиот национален електричен воз до крајот на годината ќе биде пуштен во употреба

Министерот за транспорт и инфаструуктура Адил Караисмаилоглу рече дека првиот електричен воз од домашно и национално производство до крајот на годината ќе биде пуштен во употреба.

Министерот Караисмаилоглу во говорот на свеченоста по повод започнувањето на тестовите на првиот домашен електричен воз во фабриката рече дека се решителни со домашното и национално производство на домашни и национални локомотиви и вагони да го продолжат отскокот во железничката технологија.

Целта ни е Турција да ја претвориме во земја која ќе стане значаен центар на производството на железничките возила.

Домашните и национални композиции на возови се произведуваат со оперативна брзина од 160 км на саат, проектирана брзина од 176 км на саат, на преден план се наоѓа безбедносното патуваање, задоволството и конфорот на патниците како и сите други високи побарувачки и услуги, рече министерот Караисмаилоглу.

Вкупниот капацитет на седиштата на една композиција која ќе се состои од 5 вагони ќе изнесува 324 и 2 ќе бидат одвоени за хендикепираните и лица со посебни потреби.

Министерот за транспорт и инфраструктура рече дека заврши производството на прототипот на композицијата од 60 отсто домашно производство, додека за премин кон сериско производство, планираат да остварат 80 отсто домашно производство.

Трошоците на композицијата на прототипот изнесуваат 20 отсто поевтино од сличните возила кои се снабдуваат од странство.

Министерот Караисмаилоглу меѓудругото рече дека Турција се искачи на ниво на земја којашто веќе самата може да произведува брзи и високо-брзински возови. Во претстојниот период нема потреба Турција да се снабдува со железнички возови од странство, рече министерот Караисмаилоглу.



Слични вести