Министерот Варанк: На платформата за Ковид-19 под покривот на ТУБИТАК водиме 17 различни проекти

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк истакна дека на платформата за Ковид-19 којашто е формирана под покривот на Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција се водат 17 различни проекти

1444088
Министерот Варанк: На платформата за Ковид-19 под покривот на ТУБИТАК водиме 17 различни проекти

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк заедно и со министерот за земјоделство и шумарство учествуваше на церемонијата на свечено официјално отворање на фабриката „LIVZYM Biyoteknoloji“ која е првата фабрика за индустриски ензими во регионот од Африка до Русија којашто делува во Организираната индустриска зона за кожа во населбата Тузла во Истанбул.

Во говорот што го доржа на отворањето, министерот Мустафа Варанк истакна дека на платформата за Ковид-19 којашто е формирана под покривот на Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција се водат 17 различни проекти.

Варанк рече: „8 од нив се во сферата на развивање на вакцина, а 9 во сферата на развивање на лек. Со понос би можел да кажам дека во овие проекти немаме ниту еден недостаток од работите коишто се водат во странство. Спротивно на тоа имаме повеќе, односно имаме и иноваторски методи коишто не се пробани на ниту едно место. Ова е научна трка, добитникот ќе го видиме со времето. Меѓутоа, не постои никаква препрека пред Турција да го пронајде решението за најдобра борба против вирусот како во сферата на вакцината, така и во сферата на лекот.“

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк, во врска со фабриката  "LIVZYM Biyoteknoloji" која беше свечено отворена го рече следното: „Нашата земја, со оваа фабрика се стекна со една многу значајна инфраструктура која ќе ја зголеми нашата конкурентска моќ во критичните технологии. Секое производство коешто ќе се оствари овде освен тоа што ќе ја зголеми нашата компетентност во сферата на биотехнологијата, од денеска ќе ги изгради и технологиите по 20-30 години.“



Слични вести