Гигантски потфат на турските научници во лекувањето на туморот

Сензорот открие од страна на турските научници го отвора патот на дијагностицирање и лекување на туморот со магнетна резонанција

1441454
Гигантски потфат на турските научници во лекувањето на туморот

Турските научници најдоа решение за еден од долгогодишните проблеми на научниот свет.

Академиците на Босфорскиот универзитет во Истанбул со усворшувањето на сензорот најдоа решение на долгодишниот проблем на научниот свет.

Сензорот кој беше усовршен од страна на доцент д-р Озѓур Коџатурк од Институтот за биомедикално инженерство при Босфорскиот универзитет и проф. д-р Левент Дегертекин од американскиот Технолошки интститут Џорџија го отвора патот на дијагностицирање и лекување на туморот со магнетна резонанција.

Со сензорот кој беше усовршен во рамките на проектот кој беше остварен благодарение на финансиската поддршка на американскиот Нацонален институт за здравство (НХИ) во износ од околу 9 милиони турски лири, ќе се спречи прекумерното загревање на металните уреди за магнетната резонанција кои се употребуваат во дијагостицирањето и лекувањето.

Тоа пак обезбедува полесна биопсија на со металните медицински препарати од туморното ткиво кое лесно се утврдува благодарение на магнетната резонанција. Меѓудругото овој сензор ќе може да се употребува кај бебињата со срцеви заболувања. Од друга страна пак, пациентите кои рпетходно биле изложени на лекаување од тумор, кога ќе бидат изложени на медицинска постапка од други заболувања, ќе биде спречена изложеноста на екстра ризиците од X-зраците.



Слични вести