Бразил увезе апарати за дишење (респиратори) од Турција

Откако не пристигнаа апаратите за дишење коишто ги купи од Кина, Бразил увезе апарати за дишење (респиратори) произведени од страна на Турција

1439655
Бразил увезе апарати за дишење (респиратори) од Турција

Институтот Бутанта во провинцијата Сао Паоло во Бразил, откако не пристигнаа апаратите за дишење коишто ги купи од Кина увезе апарати за дишење произведени од страна на Турција.

Латиноамериканската држава Бразил, по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот и каде бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 49.090, а на случаите на зараза на 1 милион 38 илјади 568 лица.

Затоа за обезбедување на итната потреба во единиците за интензивна нега, Бразил почна да увезува апарати за дишење (респиратори).

Бразилските функционери, откако не пристигнаа во Сао Паоло купените апарати за дишење од Кина, за обезбедување на своите итни потреби без проблеми се усмерија кон Турција.

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели фотографија на домашните апарати за дишење (респиратори) коишто беа извезени од Турција за Бразил. 

Министерот Варанк во споделената објава напиша: „Зарем и според вас не буди гордост во една болница 11 илјади километри далеку од Турција да се види ознаката 'Made in TÜRKİYE'?“



Слични вести