Успешно тестиран првиот домашен ракетен мотор на Турција со среден дострел „TEI-TJ300“

Министерот за индустрија и технологија М. Варанк истакна дека првиот домашен ракетен мотор на Турција со среден дострел (TEI-TJ300) развиен од страна на турските инженери, претставува доста значаен развој од аспект на одбранбената индустрија на Турција

1439549
Успешно тестиран првиот домашен ракетен мотор на Турција со среден дострел „TEI-TJ300“

На церемонијата што се одржа во градот Ескишехир со учество и на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк успешно беше тестиран првиот домашен ракетен мотор на Турција со среден дострел (TEI-TJ300).

Министерот Варанк во постројките за Моторна индустрија ТУСАШ (ТЕИ) „TUSAŞ Motor Sanayii AŞ (TEI)“ доби информации за ракетниот мотор од генералниот директор Махмут Акшит, по што по одбројувањето од 10 на назад го даде знакот за започнување на тестирањето на прототипот.

Мустафа Варанк во говорот што го одржа по успешното тестирање истакна дека моторот развиен од страна на турските инженери, претставува доста значаен развој од аспект на одбранбената индустрија на Турција.

Велејќи „Денес го реализиравме палењето на турбомлазниот мотор по име TJ300, развиен со поддршка на ТУБИТАК. Овие мотори се дизајнирани за употреба кај антибродски ракети со среден дострел.“ Варанк појасни дека овој мотор би можел да се користи и во бројни различни платформи.

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк привлече внимание дека е целосна домашна и национална и тест средината во ТЕИ.

„Првиот антибродски ракетен мотор со дишење на воздух на Турција со среден дострел“ којшто е произведен во соработка на ТУБИТАК, ТЕИ и Рокетсан „TEI-TJ300“, во еден тесен дијаметар може да произведува приближно 1.300 коњски сили.

Нагласувајќи дека дека овие постројки имаат многу значајна инфраструктура поврзана со моторите на авионите и дека делата на турските инженери претставуваат гордост на Република Турција, министерот Мустафа Варанк подвлече дека исто така и севкупното тестно опкружување е од домашно производство.

„Можете да го направите производот, но доколку немате тестно опкружување и ако мора да го купите во странска земја, а таа земја не ви го испорача, тогаш не сте во состојба да извршите дури ни тестирање“, појасни Варанк.

Ракетниот мотор со национален дизајн, на 5.000 стапки надморска височина располага со способност да дејствува со високи брзини дури до 90 отсто од брзината на звукот.

Ракетниот мотор со национален дизајн, располага со способност да работи под крилен ветер без притоа да постои потреба од стартно придвижување.

Ракетниот мотор, поради строгите ограничувања во неговите димензии (големината) е дизајниран на начин да им одговара на воздушните, поморските и копнените одбранбени системи.

 



Слични вести