„Астра Зенека“ одлучи да започне со производство на потенцијалната вакцина против Ковид-19

Паскал Сорио, извршниот директор на фармацевтската компанија „Астра Зенека“ („AstraZeneca“) истакна дека и покрај тоа што продолжуваат експериментите на потенцијалната вакцина против Ковид-19 производството на вакцината ќе започне

1430332
„Астра Зенека“ одлучи да започне со производство на потенцијалната вакцина против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ („AstraZeneca“) со седиште во градот Кембриџ во Велика Британија, соопшти дека ќе започне производството на потенцијалната вакцина којашто е развиена против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Извршниот директор на „Астра Зенека“ Паскал Сорио во дадената изјава за британската медиумска куќа „ББС“ („BBC“) истакна дека и покрај тоа што продолжуваат експериментите на потенцијалната вакцина производството на вакцината ќе започне.

Подвлекувајќи дека треба да се биде колку што е можно побрз во производството на вакцината, Сорио рече: „Моментално почнуваме со производство на вакцината. Тогаш кога ќе дојдат резултатите треба да се биде спремен.“

Тој информира дека фармацевтската компанија може да поризведе 2 милијарди дози вакцина против Ковид-19. 

Осврнувајќи се и на можноста да бидат несупешни експериментите на вакцината, Паскал Сорио рече: „Секако дека оваа наша одлука (за производство) содржи финансиски ризици во случај вакцината да биде неуспешна. Доколку се биде неуспешен сите вакцини коишто ќе бидат произведени ќе бидат залудни.“ 

Сорио воедно напомена дека компанијата нема да води грижи да профитира од производството на вакцината против Ковид-19.



Слични вести