Ракетата „Фалкон 9“ на „Спејс екс“ успешно се врати на Земјата

Ракетата „Фалкон 9“ со повеќекратна употреба по историското лансирање на 30 мај, денеска се спушти во Атлантскиот Океан по што пловечката платформа без екипаж на 2 јуни пристигна во космодромот Канаверал на Флорида

1428904
Ракетата „Фалкон 9“ на „Спејс екс“ успешно се врати на Земјата

Ракетата „Фалкон 9“ со која беше лансирана во вселената капсулата „Кру Драгон“ на Американската компанија производител на вселенски шатли и ракети „Спејс екс“ („Space X“) која ги превезе на Меѓународната вселенска станица (ICC) астронаутите Боб Бенкеј и Даг Харли, пристигна безбедна на земјата.

Во објавената порака преку профилот на компанијата на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека ракетата со повеќекратна употреба веднаш по историското лансирање на 30 мај, денеска се спушти во Атлантскиот Океан по што со пловечката платформа без екипаж на 2 јуни пристигна во космодромот Каневерал на Флорида.

Во пораката беа споделени и фотографии на коишто се гледа како пловечката платформа со ракетата Фалкон 9 влегува во космодромот.

Мисијата на „Спејс екс“ („Space X“) со капсулата Кру Драгон беше првата реализирана вселенска мисија со екипаж од Америка по стопирањето на програмата на НАСА Спајс Шатл („Space Shuttle“) во 2011 година.



Слични вести