Турчинката Селда Ѓул Екенел од Норвешка префрлена на лекување во Турција

Амбасадорот на Турција во осло Фазли Чорман рече дека Турција е земја која дотрчува на помош на сите свои граѓани низ целиот свет

1427958
Турчинката Селда Ѓул Екенел од Норвешка префрлена на лекување во Турција

Турчинката Селда Ѓул Екенел која живее во Осло и има тумор во мозокот, со амбулантниот авион којшто беше испратен од страна на Турција, од аеродромот Осло беше префрлена на лекување во Турција.

Амбасадорот на Турција во Осло Фазли Чорман рече дека Турција е земја која дотрчува на помош на сите свои граѓани низ целиот свет и чувствува голема гордост поради тоа.

Амбасадорот Чорман рече дека госпоѓа Екенел поради заболувањето за помош се обратила до Амбасадата на РТ во Осло.

По барањето на нашата ќерка, веднаш стапивме во контакт со Министерството за здравство. Ао самбулантниот авион којшто беше испратен од страна на Министерството, нашата ќерка од Норвешка беше испратена за Турција, рече Чорман.



Слични вести