Капсулата „Кру Драгон“ се спои со Меѓународната вселенска станица

Како што се истакнува, капсулата "Кру Драгон" на Спејс Екс се споила автоматски со Меѓународната вселенска станица (ИСС) без да постои потреба од помошта на астронаутите

1427135
Капсулата „Кру Драгон“ се спои со Меѓународната вселенска станица

Капсулата "Кру Драгон" на Спејс Екс  која ги превезуваше двајцата американски астронаути Даг Харли и Боб Бенклеј се спои со Меѓународната вселенска станица (ИСС).

Како што се истакнува капсулата "Кру Драгон" се споила автоматски со Меѓународната вселенска станица (ИСС) без да постои потреба од помошта на астронаутите.

Спојувањето е реализирано на височина од 422 километри над границата помеѓу Кина и Монголија.

Инаку, капсулата Кру Драгон" на Спејс Екс завчера, во саботата, од космодромот Кенеди на Флорида на Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) беше успешно испратена во орбитата.

Ова лансирање беше емитувано во живо на голем број американски телевизиски канали, како и преку профилите на НАСА и Спејс Екс на социјалните медиуми.



Слични вести