Историското лансирање на НАСА и „Спејс екс“ одложено за сабота

Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) на својот профил на Твитер на неколку минути пред планираното лансирање соопшти дека поради неповолни временски услови лансирањето е одложено за сабота во 15:22 часот по источно време во САД

1425157
Историското лансирање на НАСА и „Спејс екс“ одложено за сабота

Поради лошите временски услови е одложено лансирањето на првото вселенско летало со човечки екипаж во орбитата кое требаше да се реализира во соработка со Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) и Американската компанија производител на вселенски шатли и ракети „Спејс екс“ („Space X“).

Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) на својот профил на Твитер на неколку минути пред планираното лансирање соопшти дека поради неповолни временски услови лансирањето е одложено за сабота.

Во соопштението се вели дека наредната проба е испланирана за сабота во 15:22 часот по источно време во САД.

Вселенскиот брод „Кру Драгон“ на компанијата „Спејс екс“ со седиште во Калифорнија и во сопственост на бизнисменот Илон Маск ги беше направил сите свои подготовки за лансирање со двајца стронаути од космодромот Кенеди на Флорида. Со помош на капсулата требаше да бидат превезени на Меѓународната вселенска станица двајцата американски астронаути на НАСА Даг Харли и Боб Бенкен

 

 



Слични вести