Турција извезе над 1.000 апарати за дишење за интензивна нега

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк истакна дека досега е остварен извоз од над 1.000 апарати за дишење (респиратори) за интензивна нега од домашно производство за кои пројавуваат заинтересираност голем број земји

1424444
Турција извезе над 1.000 апарати за дишење за интензивна нега
YERLI SOLUNUM CIHAZI (13).jpg
YERLI SOLUNUM CIHAZI (12).jpg
YERLI SOLUNUM CIHAZI (15).jpg
YERLI SOLUNUM CIHAZI (14).jpg
YERLI SOLUNUM CIHAZI (5).jpg
YERLI SOLUNUM CIHAZI (4).jpg
YERLI SOLUNUM CIHAZI (6).jpg
YERLI SOLUNUM CIHAZI (7).jpg
YERLI SOLUNUM CIHAZI (1).jpg
YERLI SOLUNUM CIHAZI (2).jpg
YERLI SOLUNUM CIHAZI (3).jpg
YERLI SOLUNUM CIHAZI (11).jpg
YERLI SOLUNUM CIHAZI (10).jpg
solunum cihazi.jpg
solunum cihazi.jpg

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк учествуваше на состанокот за консултација и проценка на Индустриската комора на Кајсери (КАЈСО) што се одржа преку видеоконференција.

Варанк во својот говор што го одржа во оваа пригода истакна дека досега е остварен извоз од над 1.000 апарати за дишење (респиратори) за интензивна нега од домашно производство за кои пројавуваат заинтересираност голем број земји.

Потсетувајќи дека светот војува против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и дека Турција со перформансот што го презентира во овој период напиша успешна приказна, Варанк појасни дека апаратот за дишење за интензивна нега за којшто пројавуваат заинтересираност голем број земји е произведен за рекордно време.

„Заклучно со денеска, остваривме извоз на над 1.000 наши апарати за дишење за интензивна нега. Под водство на Институцијата за научно-технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК) фрламе потпис на предводнички студии во сферата на развивање на вакцина и лек. Интензивно продолжуваат иновативните проекти коишто ќе го прочујат името на нашата земја во светот во дијагностичките комплети и системите за дијагностицирање.“ - рече министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк.



Слични вести