Светската здравствена организација (СЗО) ги суспендира тестовите на лекот хидроксиклорокин

генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Гебрејесус истакна дека поради „безбедносни грижи“ е суспендирано за привремено тестирањето на лекот хидроксиклорокин којшто се користи за лекување од Ковид-19

1423651
Светската здравствена организација (СЗО) ги суспендира тестовите на лекот хидроксиклорокин

Светската здравствена организација (СЗО), поради „безбедносни грижи“ го суспендира за привремено тестирањето на лекот хидроксиклорокин (лек против маларија) којшто се користи за лекување на заболени пациенти од новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус во седиштето на организацијата во швајцарскиот град Женева одржа состанок за печатот преку видеоконференција и притоа истакна дека Светската здравствена организација (СЗО) води војна во светски рамки против глобалната епидемија на коронавирусот (Ковид-19).

Гебрејесус потсети дека пред два месеци е започнато „Тестирањето за солидарност“ за анализирање на ефикасноста на 4 лекови и комбинација од лекови против Ковид-19 и информира дека во рамките на ова тестирање повеќе од 400 болници од 35 земји активно примаа заболени пациенти.

Велејќи дека досега се регистрирани за тестирање 3.500 пациенти од 17 земји, Гебрејесус рече: „Медицинското списание 'Лансет' во петокот објави клинички испитувања за хидроксиклорокинот и клоракинот и набљудување на влијанијата на овие лекови над заболените пациенти од Ковид-19.  надлежни информираа дека тогаш кога лекот се користи сам или со макролид прогнозираат поголема стапка на смрт.“  

Гебрејесус истакна дека на одржаниот состанок на „Групата за водење на тестирањето за солидарност“ поради „безбедносни грижи“ е суспендирано за привремено тестирањето на лекот хидроксиклорокин (лек против маларија) којшто се користи за лекување на заболени пациенти од новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус објасни дека тестирањата на другите лекови продолжуваат.

Инаку, претходно беше соопштено дека „хидроксиклорокинот“ го зголемува ризикот од срцеви заболувањам а за кој пак американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека почнал да го користи за заштита од новиот тип короонавирус (Ковид-19).



Слични вести