Турција и Русија почнаа со заеднички активности за изнаоѓање вакцина против Ковид-19

На средбата беа разменети мислења и во врска со актуелната состојба на епидемијата во Турција и Русија

1422366
Турција и Русија почнаа со заеднички активности за изнаоѓање вакцина против Ковид-19

Турција и Русија почнаа со преговори за преземање заеднички активности за изнаоѓање вакцина против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Федераланата служба за супервизија на заштита на правата на потрошувачите и благосостојбата на човекот (Роспотребнадзор), турската заменик министерка за здравство Емине Алп Меше и претседателката на Роспотребнадзор, Ана Попова остварија средба преку видео конференција во врска со борбата против Ковид-19, можностите за изнаоѓање на вакцината и лековите.

На средбата беа разменети мислења и во врска со актуелната состојба на епидемијата во Турција и Русија, активностите за откривање на вакцината во двете земји, развојот на мерките и лекувањето на Ковид-19 како и укинувањето на привремените мерки.

Во соопштението што беше објавено во врска со средбата беше истакнато дека биле разменеи и мислења во врска со активностите за откривање на вакцината против Ковид-19 во Турција и Русија.

Во тие рамки, турската страна изрази спремност за преземаање заеднички потфати и активности во развојот на вакцината против Ковид-19. На средбата беше постигната согласност за размена на информациите меѓу руските и турските научници и експерти во врска со прашањето.



Слични вести