Пофалби од унгарскиот печат за турските наоружани беспилотни летала (СИХА)

Унгарскиот весник „Маѓар Немзет“ напиша дека како резултат на реализираните инвестирања Турција денеска располага со своја независна одбранбена индустрија и дека видовите оружја коишто ги произведува почна и да ги извезува

1422508
Пофалби од унгарскиот печат за турските наоружани беспилотни летала (СИХА)

Унгарскиот весник „Маѓар Немзет“ („Magyar Nemzet“) напиша дека Турција со новата генерација наоружани беспилотни летала (СИХА) од домашно производство го промени текот на војната во Либија и дека истите беа ефикасно користени и во Сирија.

Во веста подготвена од страна на Давид Лазло и објавена во весникот „Маѓар Немзет“ се итакнува дека како резултат на реализираните инвестирања Турција денеска располага со своја независна одбранбена индустрија и дека видовите оружја коишто ги произведува почна и да ги извезува. 

Во веста се вели дека Турција поддржувајќи ја либиската влада која се признава за легитимен претставник на Либија во Обединетите нации (ОН) го промени текот на војната во Либија, додека турските оружја се докажаа и на теренот.

Се наглсува дека Турција наместо да ги збогати другите земји ја разви својата сопствена (домашна) одбранбена технологија и се вели следното: „Турција ги развива својот воен авион, брод носач на авиони и оклопни возила, а во меѓувреме прави многу добри работи и со дроновите коишто ги произведува.“

Во веста на унгарскиот весник „Маѓар Немзет“ исто така се привлекува внимание дека Турција во последните 10 години фрла потпис на проекти коишто го прочуја своето име како што се тенкот Алтај, хаубицата Фиртина, хеликоптерот Атак Т-129, а воедно се подвлекува дека освен тоа Турција во текот на оваа година планира да го спуште во морето и својот брод носач на авиони чие производство продолжува.



Слични вести