НАСА: „Спремни сме за лансирање ракета со екипаж“

Претставниците на НАСА и компаниајта „Спејс икс“ истакнаа дека ги завршија потребните подготовки пред лансирањето на ракетата

1422457
НАСА: „Спремни сме за лансирање ракета со екипаж“

Американската агенција за вселенски истражувања НАСА соопшти дека се остварени последните контроли и спремни се за испраќање атронаут од вселенскиот центар Кенеди во Меѓународната вселенска станица.

Претставниците на НАСА и компаниајта „Спејс икс“ истакнаа дека ги завршија потребните подготовки пред лансирањето на ракетата и двајца астронаути од центарот во Флорида во Меѓународниот вселенски центар.

Висок раководител на НАСА Џим Бриднстајн во објавата со фотографија преку профилот на твитер рече дека одиме за лансирање. Заврши вреднувањето на подготвителните активности и „Спејс икс Крју драгон“ на НАСА се подготвува за лансирање.

Вчера американскиот претседател Доналд Трамп на прес конференцијата што ја одржа во Белата куќа рече дека идната недела планира да учествува на свеченоста по повод лансирањето на ракетата.

Историското лансирање на ракетата ќе се иствари на 27 мај среда. Лансирањето ќе биде прво патување со астронаут на компанијата Спејс икс, а истовремено и прво вселенско патуваање на САД по окончувањето на програмата Спејс шатл на НАСА во 2011 година.



Слични вести