САД за вакцината против Ковид-19 склучија договор вреден 1,2 милијарди долари

САД за вакцината против Ковид-19 постигнаа договор со британската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ на која и платија 1,2 милијарди долари

1421772
САД за вакцината против Ковид-19 склучија договор вреден 1,2 милијарди долари

Соединетите Американски Држави (САД) ќе и платат на британската фармацевтска компанија „Астра Зенека ПЛЦ“ („ASTRAZENECA PLC“) 1,2 милијарди долари за обезбедување на вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19) за која е соопштено дека ќе може да биде готова за месец септември.

Според вестите објавени во американскиот печат, британската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ („AstraZeneca“) која ќе ја произведува и дистрибуира вакцината што Универзитетот Оксфорд се обидува да ја развие против Ковид-19 постигна договор управата на Соединетите Американски Држави (САД). 

Во рамките на договорот е одлучено САД на компанијата да и платат 1,2 милијарди долари и за возврат на тоа во прва фаза во САД да се извршат тестирања на вакцината врз 30 илјади лица, а воедно капацитетот на производството да се зголеми на најмалку 300 милиони дози.

Како што се истакнува Универзитетот Оксфорд има повеќе од еден модел на вакцина, дека во моментов се проба врз луѓе и дека доколку овие работи бидат успешни првите дози ќе бидат готови наесен.

Инаку, Соединетите Американски Држави (САД) постигнаа договор во вкупна вредност од 939 милиони долари и со меѓународните фармацевтски компании Модерна и Џонсон енд Џонсон, така што имаат за цел да станат првата земја која ќе ја обезбеди вакцината против Ковид-19 на која во моментов се уште се работи.



Слични вести