Производството на вакцината на Универзитетот Оксфорд против Ковид-19 може да започне од септември

Британската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ („AstraZeneca“) соопшти дека доколку бидат успешни тестовите почнувајќи од септември ќе може да се премине кон производство на вакцината против Ковид-19

1421314
Производството на вакцината на Универзитетот Оксфорд против Ковид-19 може да започне од септември

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ („AstraZeneca“) со седиште во градот Кембриџ во Велика Британија, соопшти дека доколку бидат успешни тестовите почнувајќи од септември ќе може да се премине кон производство на вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19) којашто е развиена од страна на Универзитетот Оксфорд.

Во објавеното соопштение од оваа компанија за лекови се истакнува дека доколку тестовите резултираат со успех во прва фаза ќе моижат да се произведат 400 милиони дози од вакцината по име „AZD 1222“, додека во текот на оваа година и наредната година може да се достигне до капацитет на производство на вкупно 1 милијарда дози вакцина.

Во соопштението на „Астра Зенека“ („AstraZeneca“) се истакнува дека производството на потенцијалната вакцина би можело да се реализира во повеќе од една земја и дека би можеле да се склучат партнерства со здравствени центри во различни земји како што е Серум институт Индија (SII).

Од друга страна пак, во објавеното соопштение од компанијата се истакнува дека постои можност и да не даде позитивен резултат вакцината чии тестирања врз луѓе продолжуваат.

 



Слични вести