Ердоган: „Истанбул се искачи на ниво на меѓународен здравствен центар“

Во периодот на епидемијата од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) Турција испрати помош на над 80 земји и ќе продолиме со испраќање помош

1421217
Ердоган: „Истанбул се искачи на ниво на меѓународен здравствен центар“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека со инвестициите во здравството, Истанбул се искачи на ниво на меѓународен здравствен центар“.

Претседателот Ердоган во говорот на свеченото отворање на болниците Башакшехир Чам и градската болница Сакура рече дека кон длабокото коренито и мултидимензионално турско-јапонско пријателство се додаде уште една алка.

Не само од естетски аспект, туку и од аспект на технолошката инфраструктура, доградбата, позицијата, можностите и другите карактеристики, земјата се стекна со уште едно монументално здание кое претставува гордост на Истанбул.

Ердоган во оваа прилика потенцираше дека Истанбул во здравствениот систем се стекна со централна улога и се искачи на ниво на меѓународен здравствен центар.

Во период кога многу подобро се разбира значењето и вредноста на здравствените услуги, Истанбул ќе стане марка од аспект на здравствениот туризам.

Во периодот на епидемијата од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) Турција испрати помош на над 80 земји и ќе продолиме со испраќање помош.

Во период кога се распаѓаат здравствените системи во светот, Турција и Јапонија презенетираат извонреден пример на соработка, рече претседателот Ердоган.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе кој на свеченото отворање учествуваше со посредство на видео конференција рече:

„На граѓаните на Истанбул им посакувам болниците кои го носат името на борот – симболот на здравјето и јапонскиот симбол сакура да им донесат здравје“.



Слични вести