Билансот на Ковид-19 во светот: Над 328 илјади смртни случаи

Бројот на заразените во светот изнесува над 5 милиони, а на оздравените над 2 милиони лица

1420847
Билансот на Ковид-19 во светот: Над 328 илјади смртни случаи

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот изнесува над 328 илјади, на заразените над 5 милиони, а на оздравените над 2 милиони лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Соединетите Американски Држави (САД) која важи за седиште на епидемијата во светот, изнесува над 93 858. Бројот на заразените изнесува над 1 милион 576 илјади пациенти. Гувернерот на Њујорк Ендрју Куамо најави дека постои можност за повторно започнување на вероисповеста и богослужбата кои беа одложени поради Ковид-19, но под услов да се внимава на физичката дистанца и да се стават маски  и вероисповеста да се одржува со максимално учество на 10 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Велика Британија која важи за седиште на епидемијата во Европа, во последните 24 часа се зголеми за уште 363 и изнесува 35 704. Бројот на заразените се зголеми за уште 2 472 и изнесува 248 293. По повод роденденот на Кралицата Елизабета 2, списокот на почесните кој се објавува секоја година, со цел да се додадат и хероите во борбата против епидемијата, ќе се објави на есен.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Италија во последните 24 часа се зголеми за уште 161 и изнесува 32 330 лица. Бројот на заразените со пад од 2 377 се намали на 62 752 пациенти. Премиерот Џузепе Конте во изјавата за печатот по излегувањето од Сенатот рече дека не е време младите да одржуваат забави, бидејќи овој вид собири ќе го зголемат нивото на кривата на ширење на вирусот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Франција во последните 24 часа се зголеми за уште 110 и изнесува 28 132 лица. Како последица на собирот на граѓаните на Рен кои се собраа и масовно консумирање алкохол, властите воведоа забрана за масовно консумирање алкохол од 16.00-07.00 часот. Сите оние коишто нема да го почитуваат ова правило ќе бидат казнети со парична казна од 135 евра.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Шпанија се зголеми за уште 95 и изнесува 27 888. Бројот на заразенте изнесува 232 555. По отворањето на плажите на Барселона за пешачење и спорт, беа прекршени мерките воведени во борбата против Ковид-19.



Слични вести