Коџа: „Турција е земја со најмала штета од Ковид-19“

Епидемијата на Ковид-19 предизвика сериозен тест за националните здравствени системи и глобалната здравствена управа

1419800
Коџа: „Турција е земја со најмала штета од Ковид-19“

Министерот за здравство Фахретин Коџа рече дека Турција е земја која епидемијата на новиот тип на коронавирусот Ковид-19 ја преброди со најмала штета од аспект на „бројот на жртвите“ и „влијанието врз здравствениот систем“.

Министерот Коџа одржа говор на 73-та конференција на Светската здравствена асамблеја (СЗА) која започна претставува највисок одлучувачки орган на Светската здравствена организцаија (СЗО).

На конференцијата на Асамблејата која првпат се одржа со посредство на видео конференција, министерот Коџа рече дека епидемијата на Ковид-19 предизвика сериозен тест за националните здравствени системи и глобалната здравствена управа. Епидемијата исто така ја изнесе на виделина која земја има подобра здравсвена структура и каков здравствен систем е замизлен, без оглед на нивото на развиеност на земјата.

Турција е земја којашто најбрзо ги утврдува потенцијалните случаи за инфектирање и фрли значаен чекор со започнувањето на лекувањето на инфектираните од еден единствен центар уште во најраната фаза.

Благодарение на тоа, Турција е земја којашто неповолното влијание не епидемијата го преброди со најмал број на човечки жртви и влијание врз здравствениот систем. Турција благодарение на мерките коишт ги презеде, 3 месеци го одложи влезот на болеста на своите територии и во текот на овој период го подготви здравствениот систем против епидемијата.

Моменталната стапка на пополнетост на болниците од аспект на болничките кревети сеуште е под 40 отсто, додека стапката на пополнетост на интензивните одделенија и клиники е под 60 отсто.

Турција е една од ретките земји во светот којашто сите услуги на граѓаните им ги пружа во рамките на универзалната здравствена инклузивност, рече Коца и ја изрази спремноста на Турција за споделување на знаењето и искуствата на тоа поле.



Слични вести