Турција во рамките на здравствениот туризам ја отвора својата врата за пациентите од 31 земја

Министерството за здравство соопшти дека во процесот на нормализација во епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во рамките на здравствениот туризам почнувајќи од 20 мај ќе се примаат болни (пациенти) кои ќе доаѓаат од 31 земја

1418567
Турција во рамките на здравствениот туризам ја отвора својата врата за пациентите од 31 земја

Турција ја отвора својата врата за 31 земја во здравствениот туризам.

Министерството за здравство соопшти дека во процесот на нормализација во епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во рамките на здравствениот туризам почнувајќи од 20 мај ќе се примаат пациенти (болни) кои ќе доаѓаат од 31 земја.

Како што се истакнува наведените 31 земја се следните: Ирак, Либија, Азербејџан, Грузија, Туркменистан, Узбекистан, Казахстан, Грција, Украина, Русија, Џибути, Алжир, Косово, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Романија, Србија, Бугарија, Молдавија, Сомалија, Кувајт, Катар, Бахреин, Оман , Германија, Велика Британија, Холандија, Пакистан, Киргистан, Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Во тие рамки од наброените земји ќе бидат примени болни (пациенти) во сфери како што се ортопедија и трауматологија, општа хирургија, детска хирургија, урологија, очни болести, кардиологија, кардио-васкуларна хирургија, хируршка онкологија, гинеколошка онколошка хирургија, медицинска онкологија, онкологија на зрачење, неврохирургија, хематологија, интензивна нега, примена на третман за асистирана репродукција, трансплантација на органи и трансплантација на коскена срж.

Пациентите кои ќе бидат примени на лекување ќе бидат регистрирани во системот за следење на пациенти на Меѓународните здравствени услуги А.Д. (USHAŞ). Бараните податоци и документи за пред-одобрување ќе бидат објавени од страна на USHAŞ.

Заедно со пациентот (еден болен) ќе се дозволи влез во земјата на најмногу двајца придружници. Пациентите и нивните придружници ќе се придржуваат кон утврдените прописи и правила во однос на прашања како што се патување, влез во земјата, трансфер и изолација.

На пациентите и нивните придружници за одреден надомест (наплаќање) на аеродромите и на граничните премини ќе им се прават тестови PCR за Ковид-19 или ќе им бидат земени примероци за PCR-тест.

Пациентите и нивните придружници на 48 часа пред патувањето доколку постојат услови за тоа треба да се тестираат од Ковид-19 во земјата од која доаѓаат и да достават негативен PCR-тест за Ковид-19.

Во земјата ќе биде дозволен влез само на лицата со негативен тест за Ковид-19.

 



Слични вести