Загриженост кај САД: Програмата Ф-35 би била неможна без Турција

Во еден извештај во САД се привлекува внимание дека иницијативата за исклучување на Турција од програмата на борбените авиони Ф-35 би можела уште повеќе да доведе до нарушување во процесот на производство и снабдување на програмата којашто е во застој

1416394
Загриженост кај САД: Програмата Ф-35 би била неможна без Турција

Кај Соединетите Американски Држави (САД) се појави загриженост дека „програмата Ф-15 би била неможна без Турција“...

Во извештајот за снабдување на прогамата Ф-35 подготвен од страна на Канцеларијата за полагање сметка на Владата на САД (GAO), се привлекува внимание дека иницијативата за исклучување на Турција од програмата на борбените авиони Ф-35 би можела уште повеќе да доведе до нарушување во процесот на производство и снабдување на програмата којашто е во застој.

Во извештајот за Канцеларијата за полагање сметка на Владата на САД (GAO) која пружа услуги за контрола, вреднување и испитување за Конгресот на САД, се истакнува дека поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во значајна мера е подложено на застој тестирањето и производството на делови на авионот.

Во извештајот се истакнува дека производството во целосен капацитет на авионот би можело да задоцни за март 2021 година и воедно привлекува внимание вреднувањето во однос на тоа дека исклучувањето на Турција од програмата за производство ќе ги зголеми уште повеќе ризиците за кои станува збор.

Во извештајот на Канцеларијата за полагање сметка на Владата на САД (GAO) се вели следното: „Исклучувањето на Турција од програмата поради грижи коишто произлегуваат од купувањето на руска одбранбена опрема (С-400) во јули 2019 година, ќе ги зголеми уште повеќе ризиците за производство.“



Слични вести