Почнуваат работите за изработка на софтверот на турскиот национален борбен авион

Се проширува алијансата во турската одбранбена индустрија за Проектот на националниот борбен авион којшто се води од страна на Претседателството за одбранбена индустрија, а со цел производство на петтата генерација борбен авион на Турција

1409363
Почнуваат работите за изработка на софтверот на турскиот национален борбен авион

Воздухопловната електронска индустрија (ХАВЕЛСАН) која фрла потпис на решенија базирани на софтвер во турската одбранбена индустрија, се приклучи кон Проектот на националниот борбен авион.

Се проширува здружувањето на силите во турската одбранбена индустрија за Проектот на националниот борбен авион којшто се води од страна на Претседателството за одбранбена индустрија при претседателскиот кабинет, а со цел производство на петтата генерација борбен авион на Турција.

Генералниот директор на Хавелсан Ахмет Хамди Аталај во дадената изјава истакна дека националниот борбен авион (MMU) е проект којшто ќе предизвика национална гордост и ќе ја издигне Турција на повисоко ниво.

Велејќи дека во светот постојат неколку земји кои можат да ја произведат петтата генерација борбен авион што ќе се појави на крајот на проектот, Аталај рече: „Иншаллах и ние ќе се приклучиме кон тие земји. За излез на авионот од хангарот се предвидува 2023 година.“

Ахмет Хамди Аталај воедно информира дека се започнати работите за формирање на екипа за проектот.



Слични вести