Турски астрофизичар успеа да сними редок момент во вселената

Турскиот астрофизичар Мехмет Ерѓун успеа да го сними моментот на поминување на Меѓународната вселенска станица (МВС или ICC) пред Сонцето, а којшто трае помалку и од една секунда

1408939
Турски астрофизичар успеа да сними редок момент во вселената

Светски познатиот турски астрофизичар Мехмет Ерѓун успеа да го сними моментот на поминување на Меѓународната вселенска станица (МВС или ICC) пред Сонцето.

Астрофизичарот Мехмет Ерѓун состави снимка со временски отсечок од 34 кадри фотографии коишто ги сними за време на преминот којшто трае помалку и од 1 секунда.

Ерѓун кој со телескоп ја сними вселенската станица, рече дека досега се обидел да го сними поминувањето на Меѓународната вселенска станица ((МВС или ICC) во различни временски периоди и дека успеа да го оствари тоа во десетиот обид.

Тој истакна дека за да го долови овој момент почнал со планирање пред 4 недели.

Светски познатиот  турски астрофизичар Мехмет Ерѓун воедно го додаде и тоа дека поради астрономските фестивали коишто во последно време се организираат во Турција расте и заинтересираноста кон астрофизиката во земјата.

 



Слични вести