Повик од министерот Варанк до земјите на Г-20 за доставување на патна карта за излезе од кризата со Ковид-19

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк на одржаниот состанок преку видеоконференција на министрите за дигитална економија на Г-20 упати повик за доставување на конструктивна патна карта фокусирана на резултат за излез од кризата со Ковид-19

1409023
Повик од министерот Варанк до земјите на Г-20 за доставување на патна карта за излезе од кризата со Ковид-19
mustafa varank.jpg
mustafa varank-g20 videokonferans.jpg

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк ги повика земјите членки на Г-20 во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) за излез од кризата да достават конструктивна патна карта фокусирана на резултат.

Министрите за дигитална економија на Г-20 за дискутирање за поефикасно применување на дигиталните економски политики во борбата против глобалната епидемија на Ковид-19 одржаа вонреден состанок преку видеоконференција.

На состанокот беше разговарано за прашања посветени на зголемување на пристапот до интернет, обезбедување безбедност на податоците, развој на дигиталните проекти за истражување и развој во здравствениот сектор, искористување на дигиталните технологииво производството на медицинска опрема, како и зголемување на истрајноста на претпријатијата од мал и среден обем во синџирот на глобално снабдување.

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк во одржаниот говор на состанокот привлече внимание на потребата од глобална соработка во овој тежок досега невиден сличен период кога се доживува глобална епидемија на коронавирусот.

Укажувајќи на значењето од заедничко работење за повторно враќање во нормала во светот, министерот Варанк рече: „За да би излегле од оваа криза треба да доставиме конструктивна патна карта фокусирана на резултат. Треба да формираме меѓународен механизам за полагање сметка за земјите кои се однесуваа неодговорно или нетранспарентно во овој период.“

Мустафа Варанк се осврна и на активностите коиѓто се реализираат во Турција во рамките на борбата против Ковид-19 и притоа напомена дека Турција како силен поддржувач на глобалната солидарност им достави помош во медицински материјали на 55 земји во светот.

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк нагласи дека е започната Технолошка платформа за Ковид19, со цел координирање на проектите за истражување и развој за пронаоѓање на нов лек и вакцина.



Слични вести