Турција испрати амбулантен авион во Шведска за свој државјанин заболен од Ковид-19

Турција испрати авион во шведскиот град Малме за да го земе и донесе во земјата турскиот граѓанин заболен од Ковид-19 47-годишниот Емруллах Ѓулушкен кого во Шведска одбиле да го примат во болница на лекување

1405429
Турција испрати амбулантен авион во Шведска за свој државјанин заболен од Ковид-19
isvec turkiye turk hasta.jpg
SÜPER FOTO İSVEÇ KORONA.1.jpg
SÜPER FOTO İSVEÇ KORONA.2.jpg
turkiye isvec ucak ambulans.jpg

Турскиот граѓанин (47) кој живее во градот Малме, во Шведска и на кого и покрај тоа што му бил направен тест и бил позитивен на новиот тип коронавирус (Ковид-19) не бил хоспитализиран да биде лекуван и бил вратен дома, заедно со своите 3 деца со амбулантен авион на Министерството за здравство е донесен во Турција.

Испратениот амбулантен авион од Турција слета на авионот Стуруп во Малме и потоа во 09:00 часот по локално време ги зеде заболениот турски граѓанин 47-годишниот Емруллах Ѓулушкен и неговите 3 деца Есма, Самира и Махмут и потоа полета од Шведска.

Другата ќерка на заболениот од Ковид-19 Емруллах Ѓулушкен, Лејла Ѓулушкен истакна дека откако турските надлежни биле информирани за случајот стапиле во контакт со нив и го рече следното: „Добивме телефонски повици од десетици надлежни. Министерот за здравство за кусо време ни испрати авион. Се гоордееме со нашата земја.“

47-годишниот Емруллах Ѓулушкен раскажа дека од населеното место Ѓерџуш кај градот Батман се иселиле во Шведска, нагласи дека државата не ги остави сами и го рече следното: „Поради тоа им благодарам на нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган, на господинот министер Фахреттин Коџа, амбасадорот на Турција во Стокхолм Хакки Емре Јунт, пратеникот на Партијата за правда  развој (АК Партијата) Зафер Сарикаја, на претседателот на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) Абдуллах Ерен и на претседателот на Меѓународната унија на демократи (UID) за Шведска Озер Екен.“

Самира Ѓулушкен, ќерката на 47-годишниот Емруллах Ѓулушкен чиј тест и покрај тоа што бил позитивен на Ковид-19 не бил хоспитализиран да биде лекуван и бил вратен дома, во споделената видео порака преку социјалната медија побара помош со следните зборови: „Заедно со моето семејство живееме во Шведска. Татко ми пред 11 дена имаше висока температура и почна да чувствува потешкотии со дишењето, се загриживме, се обративме на лекар, но за жал не дојдоа и нѐ одбегнаа. Секојдневно се јавивме низа пати, меѓутоа никој не одговари на нашите повици.“ 

По ваквиот развој, министерот за здравство Фахреттин Коџа ја побара по телефон Самира Ѓулушкен и издаде инструкција да биде испратен во Шведска амбулантен авион за да бидат донесени во Турција нејзиниот 47-годишен татко заболен од Ковид-19 Емруллах Ѓулушкен и неговите 3 деца.



Слични вести