Руската ракета „Сојуз-2.1а“ со товарен вселенски брод лансирана кон Меѓународната вселенска станица

Од космодромот Бајконур во Казахстан е лансирана во Меѓународната вселенска станица руската ракета „Сојуз-2.1а“ со вселенскиот товарен брод „Прогрес МС-14“

1405050
Руската ракета „Сојуз-2.1а“ со товарен вселенски брод лансирана кон Меѓународната вселенска станица

Руската ракета носач „Сојуз-2.1а“ со вселенскиот брод „Прогрес МС-14“ која по повод Денот на победата кој ќе се одбележи на 9 мај во Русија е наречена „Ракета на победата“, е лансирана од космодромот Бајконур во Казахстан, кон Меѓународната вселенска станица (МВС).

Според веста на руската новинска агенција, товарниот брод со 2,5 тони храна, вода, кислород, гориво и друг вид производи и опрема  утрово во 09:50 часот по локално време е лансиран од космодромот Бајконур во Казахстан кон Меѓународната вселенска станица (МВС).

Интернет страницата „Space.com“ товарниот вселенски брод ќе остане на Меѓународната вселенска страница (МВС) во текот на приближно 7 месеци.

Рускиот товарен вселенски брод „Прогрес МС-14“ на Меѓународната вселенска станица (МВС) пристигна за 3 часа и 20 минути, со што стана најбрз вселенски брод во историјата на летови кон Станицата.

 



Слични вести