Фејсбук почна со спроведување на апликацијата Messenger Rooms

Лицата коишто ќе ги формираат овие линкови за видео разговори ќе можат да ги определат учесниците во разговорите

1405136
Фејсбук почна со спроведување на апликацијата Messenger Rooms

Социјалната мрежа Фејсбук почна со спроведувањето на новата апликација групен видео разговор Месенџр румс.

Оваа апликација, со споделување на линковите за видео разговор на луѓето им овозможува да одржуваат онлајн разговори со пријателите, семејствата или лицата кои споделуваат заеднички интерес кон одредени сфери, да формираат посебни одаји за раговори преку месенџр или фејсбук и да ги повикуваат лицата коишто сакаат.

Лицата коишто ќе бидат повикани на видео разговорите, не мора да имаат некој профил на фејсбук или месенџр.

Во одајите за разговор на Месенџр сумс има бројчано ограничување од 50 учесници, но нема временско ораничување. Лицата кои ќе ги формираат линковите за разговор истите ќе можат да ги споделуваат во информативните извори, групите чии членови се и страниците на активности.

Лицата коишто ќе ги формираат овие линкови за видео разговори ќе можат да ги определат учесниците во разговорите и да го затворат учеството на повеќе лица доколку не сакаат да учествуваат поголем број учесници.

Лицата кои ќе бидат поканети на разговорот, без посебно вчитување на некоја посебна апликација, преку телефонот или компјутерот директно ќе можат да се приклучат и учествуваат на видео разговорите.



Слични вести