Универзитетот Оксфорд почна со тестирање врз луѓе на потенцијалната вакцина против Ковид-19

Универзитетот Оксфорд во Велика Британија премина во фаза на тестирање врз луѓе на потенцијалната вакцина против Ковид-19

1404338
Универзитетот Оксфорд почна со тестирање врз луѓе на потенцијалната вакцина против Ковид-19

Универзитетот Оксфорд во Велика Британија почна со тестирање на развиената потенцијална вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) врз луѓе.

Според веста на британскиот информативен сервис „ББС“ („BBC“), тестирањата на вакцината се започнати врз двајца доброволци. На едниот од нив му е ставена потенцијалната вакцина против Ковид-19, а на другиот со цел да се изврши контрола му е ставена вакцина против мененгитис.

Доброволците нема да знаат од која вакцина им е ставена и со оваа информација ќе располагаат само лекарите кои ќе ја следат разликата.

Потенцијална вакцина која е развиена за 3 месеци и е наречена „ChAdOx1“ е добиена со промена на генетиката на аденовирусот, кој предизвикува грип кај шимпанзата.

Е извршена промена со генетиката на вирусот (е поиграно со генетиката) на начин што ќе се спречи неговиот развој (ширењето) во човечкото тело, и се додадени генетски елементи коишто произведуваат т.н. спикуларни протеини коишто овозможуваат вирусот на Ковид-19 да се закачи на човечките клетки.

Се има за цел вакцината да се залепи за спикуларните протеини коишто ги произведува вирусот и да развие антитела коишто ќе го спречат вирусот да продре во човечките клетки.

Инаку, научници во повеќе од 70 земји во светот меѓу кои се наоѓа и Турција, извесно време како вршат истражувања и работат напорно за да пронајдат вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

 



Слични вести