Министерството за национална одбрана достигна до капацитет за производство на 10 мил. маски неделно

Фабриката за машини и маски МАКСАМ во склопот на Институцијата за машинска и хемиска индустрија (МКЕК), достигна до капацитет за производство на 10 милиони маски неделно

1404656
Министерството за национална одбрана достигна до капацитет за производство на 10 мил. маски неделно

Министерството за национална одбрана по интензивните активности коишто ги реализира во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) достигна до капацитет за производство на 10 милиони маски неделно.

Работите во фабриката за машини и маски МАКСАМ во склопот на Институцијата за машинска и хемиска индустрија (МКЕК), која одигрува значајна задача во производството на заштитни здравствени материјали во склопот на борбата за спраување во коронавирусот, продолжува да работи нон-стоп 7/24.

Производството на заштитни маски во фабриката за маски достигна до капацитет од 10 милиони неделно, а воедно во случај на потреба овој капацитет може да се зголеми уште повеќе. 

Во фабриката освен хируршки маски се поризведени и други заштитни материјали како што се 334.825 наметки, 33.210 заштитни наочари, 377.100 заштитни ракавици и 41.400 литри средство за дезинфекција.

Освен тоа, Институцијата за машинска и хемиска индустрија (МКЕК) со домашни и национални можности произведе механички апарат за дишење.

Од идниот месец се планира да се премине кон сериско производство на механичкиот парат за дишење наречен „Сахра“ на начин со којшто ќе се обезбедат потребите и на пријателските и сојузничките земји.

Во фабриката е обезбедена инфраструктура за производство на 500 апарати за дишење (респоратори) неделно.



Слични вести