Спејс икс лансираше уште 60 сателити во вселената

Компанијата со сателитите на Старлинк планира да формира мрежа од 12 илјади сателити во орбитата на планетава Земја

1404083
Спејс икс лансираше уште 60 сателити во вселената

Американската компанија за прозводство на ракети, сателити и вселенски шатли Спејс икс лансираше уште 60 сателити во рамките на составот на интернет вселенската мрежа Старлинк.

Последните 60 сателити кои претставуваат дел од составот на 6-та алка на интернет сателитската мрежа Старлинк, беа лансирани од базата во Кејп Канаверал.

Компанијата Спејс икс, претходно во рамките на проектот Старлинк во пет парти од по 60 сателити испрати 300 сателити.

Компанијата со сателитите на Старлинк планира да формира мрежа од 12 илјади сателити во орбитата на планетава Земја.

Остварувањето на проектот се очекува да заврши во 2027 година.



Слични вести